Поврзете се со нас

Италија

Пиоли и Meњан за ситуацијата со Донарума: Сигурно ќе добие…

Објавено

на

Foto:instagram.com/gigiodonna99

Милан утре е домаќин на Пари Сен Жермен во средбата од 4. коло од групата фаза на Лигата на шампионите, средба која е интересна од повеќе аспекти, моменти, а еден од нив дефинитивно е Џанлуиџи Донарума кој ќе има можност да игра против својот поранешен клуб и тоа на „Сан Сиро“.

Навивачите на Милан никогаш не му простија на Донарума што го напушти клубот во 2021 година, па е најавено специјално добредојде за италијанскиот репрезентативец,

Тренерот Стефано Пиоли и голманот Мајк Meњан не очекуваат никакви проблеми и сметаа дека се ќе биде во рамките на спортскиот дух.

-Верувам дека навивачите ќе направат се за да го поддржат нашиот тим доколку направиме правилен настап на Милан. Тие имаат голема љубов кон боите на нашиот тим. Наше е да им вратиме на навивачите и да го направиме Сан Сиро тешко место за играње, -рече Пиоли.

-Утре ќе биде топло пречекан. Мислам дека тој (Донарума) е одличен голман и навистина добро ја започна сезоната. Тој е голман од врвна класа и тоа го покажува на секој натпревар, -порача Мајк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни