Поврзете се со нас

Италија

Пиоли го подобри својот уникатен рекорд во пресметките со Мурињо (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Стефано Пиоли минува низ доста турбулентна сезона и во неколку наврати се појавуваа шпекулации за негово заминување, но искусниот стручњак засега си ја задржува работата и се носи со притисокот.

Милан има доста променливи резултати и вчера победи во дерби пресметката со Рома која се одигра на „Сан Сиро“, што беше комлетен контраст од елиминацијата на истиот стадионот од Аталанта во Купот.

„Росонерите“ победија 3:1 и се зацврстија на третото место на табелата во Серија А, но големо внимание за италијанските новинари привлече и подобрениот рекорд на Пиоли против Мурињо.

Жозе против ниту еден друг тренер во светот немал полош скор од оној кој го има со Пиоли, бидејќи не успеа да го победи и во шестата меѓусебна пресметка.

Пиоли има четири победи и две ремиња, па од вчера е единствениот тренер во историјата кој не претрпел пораз од Португалецот во првите шест тактички дуели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни