Италија
Пиоли ги предупреди неговите избраници: Ако не го победиме Интер…

Екипата на Милан не успеа да слави во дерби пресметката со Јувентус (0-0) и со тоа направи уште еден исчекор наназад во борбата за Скудетото во актуелнава сезона.
„Росонерите“ на последните четири средби на „Сан Сиро“ имаат забележано само една победа со што едноставно му дозволија на Интер да создаде предност од четири поени на табелата со тоа што треба да се напомене дека „нероаѕурите“ имаат и меч за доигрување што значи можат да ја зголемат разликата во однос на соседот и Наполи.
Ова го знае тренерот Стефано Пиоли кој ги предупреди, испрати јасна порака на неговите избраници дека мора да го совладаат актуелниот првак во следното коло ако сакаат да останат во игра за пехарот, односно во спротивно сезоната ќе биде како минатата место во Топ 4 за влез во ЛШ.
-Знаевме дека натпреварите против Јувентус и Интер ќе кажат многу за нашата иднина. Ако не го победиме Интер, тогаш нашата кампања ќе биде многу слична на минатата сезона кога победивме на крајот за да бидеме втори и ризикувавме да испаднеме од местата во Лигата на шампионите.
-Имаме наш начин на игра и мора да сфатиме дека ако сакаме повторно да постигнеме нешто извонредно, треба да дадеме сè. Видов многу индивидуални настапи на многу високо ниво, -порача Пиоли по ремито во Милано.
-
Шпанијапред 13 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Италијапред 24 часа
„Последен танц“: Кјелини се збогуваше со фановите на Јувентус во 17. минута (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Фудбалер на Њукасл остана без заб на натпреварот со Арсенал (Фото)
-
Италијапред 21 час
Неутешниот Дибала не можеше да ги сокрие солзите на последниот натпревар како член на Јувентус во Торино (Видео)
-
Италијапред 13 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Англијапред 24 часа
Ридигер за заминувањето од Челси: Фрустриран сум, сакав да имам поинаков крај
-
Францијапред 12 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе