Лига на шампиони
Пиоли доби три големи засилувања за дербито со ПСЖ (Видео)

Милан влезе во резултатска криза и потврда за тоа беше последниот шокантен пораз од Удинезе на домашен терен, кој прави тензијата да биде уште поголема пред мечот на одлука во Лигата на шампионите.
„Росонерите“ мора да остварат победа против ПСЖ доколку сакаат да останат со шанси за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите, а во моменти кога тимот не изгледа воопшто добро, Стефано Пиоли конечно доби и малку добри вест.
Искусниот стручњак се наоѓа под силен притисок, а добра информација за него е што рака ќе може да му подадат тројца повратници кои се навистина важни за првиот тим.
Тео Ернандес, Кристијан Пулишиќ и Саму Чукуезе се појавија на денешниот тренинг на Милан и израдуваа со своето присуство, што повеќе од веројатно значи дека се ставаат на располагање за утрешното дерби во Европа.
Тројцата се очекува да бидат големи засилување за мечот на „Сан Сиро“, кој Милан го отвора со два бода како последнопласиран на табелата.
Vigilia #Milan PSG: #Pulisic, Chukwueze e #TheoHernandez regolarmente in gruppo 🔴⚫️ pic.twitter.com/B6MXeffkMh
— Luca Maninetti (@LucaManinetti) November 6, 2023
-
Италијапред 19 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 17 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Балканпред 19 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 21 час
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Европски куповипред 19 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Светпред 18 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Светпред 4 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Шпанијапред 20 часа
Проблеми за Барселона: Тер Штеген оди на операција, Пења ќе го менува!