Поврзете се со нас

Италија

Пиоли даде најнова информација за Ибрахимовиќ, но и најави „засилување“ за напаѓачката линија

Објавено

на

Екипата на Милан со утрешниот меч против Спарта Прага ќе ја заврши групната фаза во Лигата на Европа.

„Росонерите“ веќе си ја завршија работата и обезбедија место во нокаут рундата, па тренерот Стефано Пиоли најави дека утре во Чешка ќе им даде шанса на оние кои имаат помала минутажа во сезоната.

-Ние сме многу, но има и многу натпревари. Утре ќе има простор за оние кои досега играа помалку, -истакна стратегот кој соопшти каква е состојбата со Златан Ибрахимовиќ, но и воедно обелодени дека на терените се враќа Рафаел Леао, додека за викендот фит ќе биде и Исмаел Бенасер.

-Златан се чувствува подобро, тој продолжува да се опоравува. Ќе видиме каде ќе не однесе. Бенасер имаше неколку проблеми во последните неколку дена. Тој нема да биде повикан за утре, но мислам дека ќе биде во групата во петок и мислам дека може да биде на располагање во недела против Парма

-Леао е подобар и е достапен за утре. Би сакал да му дадам минутажа, тој отсуствуваше неколку недели, но се надевам утре ќе игра, -рече Пиоли кој за средбата со Спарта Прага ќе смета на овие играчи:

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни