Поврзете се со нас

Олимписки игри

Пинк се понуди да ги плати казните на норвешките ракометарки, ја обвинија ЕХФ за сексизам!

Објавено

на

Дрес-кодот кој го налага Европската ракометна Федерација знае да биде посебено ригорозен за Европските и Светските првенства, но по се изгледа, водечките луѓе на ЕХФ се држат до правилата и на Олимписките игри од каде ни пристигна една несекојдневна вест која предизвика многу реакции во јавноста.

Ситуацијата доаѓа од турнирот во ракомет на плажа во женска конкуренција, на кој норвешките репрезентативки (на мечот со Шпанија), одбиле да излезат на теренот со предвидените бикини гаќички.

Норвежанките одлучиле да излезат со класични шорцеви сметајќи дека така ќе се претстават во попристојно светло. За тој потег, добија казна од страна на Европската ракометна федерација, вест која допонително предизвика бура во пошироката јавност.

ЕХФ ја казни норвешката Федерација со 1.500 евра, а сега познатата пејачка Пинк, самата се понуди да ја плати засрамувачката казна која ја добиле Норвежанките.

– Многу сум горда на норвешката женска  селекција во ракомет на плажа поради протестот кон сексистичкото правило за нивната „униформа“. ЕХФ треба да биде казнета за сексизам. Секоја чест девојки, ќе бидам среќна ако можам да ги платам вашите казни, – порача Пинк.

Светските медиуми пишуваат за оваа необична ситуација веќе неколку дена, па се повеќе познати луѓе се вклучуваат во дебатата и излегуваат со поддршка до норвешките девојки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни