Пингпонгарите ја темпираат формата за Балканското првенство

pingpong1

Во пресрет на престојното Балканско првенство во пинг понг за млади до 21 година, кое што ќе се одржи во Подгорица од 02 до 06 август, нашите надежи одржуваат напорни подготвителни тренинзи.

Подготовките ги започнаа со добри резултати, извојувајќи победа на пријателскиот меч против репрезентацијата на Косово. Во наредните неколку денови, нашите репрезентативци неуморно продолжуваат со неколкудневни подготовки, a дополнително ќе одиграат и пријателски меч со пинг-понг клубот Железничар од Ниш.

Цврсто сме убедени дека овој напорен процес ќе ја профилира формата на нашата репрезентација пред престојното Балканско првенство во Подгорица,– се вели во соопштението дистрибуирано до медиумите.

Нашата репрезентација ја предводат селекторите Филе Матевски и Миле Петрески, а нивните избраници за Балканското првенство во пинг понг во Подгорица се: Теодор Кировски, Венко Стојанов и Христијан Јованов во машка конкуренција, додека Ива Димитриевска, Бојана Михајловска и Ана Стојановска ќе се натпреваруваат во женска конкуренција.

Facebook Коментари