Пилотите на Red Bull Air Race ја продолжуваат сезоната со трката во Русија

Ben Murphy (GBR)

Руската престолнина на спортот, Казан, по третпат ќе биде домаќин на брзите и ниски летови од Светското првенство Red Bull Air Race во сабота и недела, на 15 и 16 јуни 2019 година. Во паузата која уследи од трката во Абу Даби, врвните четиринаесет меѓународни тимови и пилоти се подготвуваа, решени да ја ресетираат својата динамика пред летните воздушни трки. Ако се додадат и трките во „Челинџер“ класата, викендот во Казан ќе биде возбудлив за сите обожаватели на мотоспортот.

Од првта трка во 2019 во Абу Даби, тркачките тимови работеа вредно за да се подготват за пресметката во Казан. Многу од нив направија модификации на тркачките авиони, а нивните тактичари внимателно ја проучија патеката, овде каде што при бурната трка во 2017 година имаше над 60 удари во воздушните столбови, а во изданието од 2018 година, само 0,181 секунди ги делеа првите тројца. Во меѓувреме, пилотите вежбаа за да останат во форма на нивните симулатори направени по мерка.

Red Bull Air Race е официјално светско првенство акредитирано од ФИА. Летајќи само неколку метри над реката Казанка, четиринаесетте пилоти од мастер класата ќе достигнат брзини до 370 километри на час и ќе издржат сили до 12G во нивните тркачки авиони со едно седиште, а зад нив ќе може да се види казанскиот Кремљ. Секој од нив ќе се трка со времето додека лета на патеката меѓу воздушните столбови, кои се направени да пукаат спектакуларно ако бидат допрени од крило на авион. Идните надежи, кои се натпреваруваат во „Челинџер“ категоријата, исто така се натпреваруваат на овие станици низ светот. Севкупно, во „Мастер“ и „Челинџер“ класата, 26-те пилоти претставуваат 17-зеји и шест континенти.

Меѓу пилотите на кои ќе треба да се обрати вниманите во Казан се светскиот шампион Јошихиде Муроја (Јапонија) и бранителот на титулата Мартин Шонка (Чешка). Нивното ривалство е долго и длабоко, а на отворањето на сезоната, на првата трка во Абу Даби, Муроја беше за влакно пред Шонка, со предност од само 0,003 секунди. Но, Шонка е самоуверен заради победата во Казан минатата година. Американецот Кирби Шемблис победи во Казан во 2017 година и беше трет во 2018. Други пилоти кои претходно биле на подиумот во главниот град на Татарстан се Мајкл Гулијан (САД) и Пит МекЛеод (Канада).
Квалификациите за „Мастер“ класата ќе стартуваат во сабота, 15 јуни 2019 година. Денот на трката е недела, 16 јуни 2019, со претходни две жестоки елиминациски рунди, кои ќе ја намалат конкуренцијата за кулминација во финалната четворка.

Дел од третата руска станица во историјата исто така ќе бидат и двете трки од „Челинџер“ класата, со Челинџер куп 1 во сабота и Челинџер куп 2 во недела. Вкупно осум пилоти ќе летаат во влезната категорија во текот на викендот: Флоријан Бергер (Германија), Кени Чианг (Хонг Конг), Кевин Колман (САД), Патрик Дејвидсон (Јужна Африка), Семи Мејсон (САД), Даниел Рифа (Шведска), Патрик Штрасер (Австрија) и Баптист Вињес (Франција).

Следете ги возбудувањата преку Red Bull TV или www.redbullairrace.com и тоа в сабота со почеток во 17 часот, а в недела со почеток во 15 часот по македонско (средноевропско) време. Red Bull TV е достапен на конектираните ТВ, играчки конзоли, мобилни уреди и друго. Откријте повеќе на about.redbull.tv

Mika Brageot

Facebook Коментари