Поврзете се со нас

Балкан

Пикси жестоко му возврати на Видиќ: Покажа големо непочитување кон мене, ме шокира со незнаењето!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FSSrbije

Немања Видиќ имаше обид да стане претседател на фудбалскиот сојуз на Србија, но на крајот ја повлече кандидатурата во последен момент и призна дека ќе почека подобри денови кога повторно ќе тргне по спас на српскиот фудбал.

Легендата на Манчестер Јунајтед е целосно револтирана од работата на Федерацијата и политичките игри кои со години се актуелни во најважното фудбалско тело во Србија, па во своето последно интервју не штедеше критики и за Драган Стојковиќ Пикси и неговиот стручен штаб.

Видиќ обвини дека сите гледаат од репрезентацијата да извлечат поголем ќар и посочи дека Пикси ќе заработи 16 милиони евра за две години, па откако беше јавно прозван, актуелниот српски селектор сега му одговори на Немања.

– Кога веќе Видиќ излегува со информации за селекторот и стручниот штаб, тогаш тие треба да бидат проверени. Се работи за класичен напад и режирање бунило во јавноста. Тој е веќе во години кога не смее да си дозволи такви изјави. На крајот на краиштата, да заработев и 116 милиони евра, а не 16 како што вели, тоа не е негов проблем. Даночните институции во Србија добро знаат колкави се моите придонеси.

– Не може да ме повреди некој како Видиќ, некој што не работи ништо. Навистина е грдо тоа што го кажа за мене, покажа непочитување. Јас како селектор не можев да му помогнам, ниту да му одмогнам во обидот да стане претседател на сојузот. Тоа што го вели не се оптужби, туку коментари кои не му прилегаат. Тој е големо фудбалско име, го почитував и секогаш зборев убаво за него. Бевме горди на неговите игри, но сега сум шокиран од неговото незнаење. Ако веќе споменува бројки како 16 милиони евра, најпрво треба добро да се информира. Некој треба да му објасни што се биланси, што се завршни сметки и така натаму, – возврати Пикси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни