Поврзете се со нас

Лига на нации

Пикси за причините за поразот на Србија од Данска: Знаевме дека…

Објавено

на

Foto:x.com/FSSrbije

Србија пред неколку дена успеа да остане непоразена во пресметката со европскиот шампион Шпанија, ама тој добар резултат не успеа да го надради на гостувањето во Копенхаген кај Данска каде загуби со 2-0.

Србите примија по еден гол во двете полувремиња и претрпеа пораз за кој селекторот Драган Стојковиќ-Пикси ги посочи причините.

-Имавме кадровски проблеми и знаевме дека ќе биде многу тешко на физички план. Момците дадоа се од себе, но беше јасно дека нема свежина. И да се играат два вакви тешки натпревари во три дена не е лесно.

-Верувам дека првото полувреме го одигравме рамноправно. Не забележав ниту една нивна сериозна шанса, ниту пак распад на системот на нашата игра. Делувавме сигурно, без проблеми, но примивме гол на лошо време.

-Бев сигурен дека првото полувреме ќе заврши 0:0, па во второто со промени, системски промени, стратегија… Го примивме тој гол, ВАР собата повторно реши против нас. Во второто полувреме се виде физичка надмоќ на данската страна. Не треба многу да критикуваме, циклусов го завршивме со бод, но имаме и натпревари дома, па ќе видиме, -истакна Пикси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни