Балкан
Пикси за одлуката на Влаховиќ: Секој одговара за своите постапки

Драган Стојковиќ имал долго и опширно соочување со српските новинари ова утро во Белград, откако селекторот на најсилната репрезентација за првпат се соочи со претставниците на седмата сила по лошиот настап кој го имаше националниот тим на Европското првенство.
Пикси направи посериозен рез и не повика седум фудбалери од споменатиот тим кој настапуваше во Германија, но неодамна му откажаа и три големи ѕвезди, две поради повреди (Сергер Милинковиќ Савиќ и Александар Митровиќ), а една поради неразјаснети причини.
Душан Влаховиќ по шести пат во кариерата не се отповика на повик од селекторот, а откако Стојковиќ пред неколку дена откри дека се работи за личен проблем на напаѓачот, сега целосно ја префрли топката на другата страна и им порача на новинарите да бараат одговори од центарфорот на Јувентус.
Пикси утрово давал исцрпни одговори на секое прашање кое му било поставени и прес-конференцијата траела неверојатни 70 минути, но за јавноста дефинитивно најинтересен е одговорот кој го дал за Влаховиќ.
– Не сум премногу возбуден поради тоа што Влаховиќ по шести пат не се отповикува за репрезентацијата. Секој има право на својат одлука и сносува одговорност за тоа што го прави. Јас одговорам за своите постапки и за своите потези, истото важи и за играчите. Моја работа е да го ставам на списокот, ако не го направам тоа, тогаш ќе настане голем проблем.
– Тој ми порача дека има приватни проблеми и јас не навлегувам во тоа. Не ме интересираат приватните проблеми, ако сакате, може да се потрудите да добиете одговор од него. Имате прилика да го прашате било кој што не дошол да игра, да прашате дали има некои сомнежи или дилеми. Тоа важи за сите, не само за Влаховиќ, – изјавил Пикси.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија24 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет21 час
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)