Поврзете се со нас

Европски првенства

Пикси за неочекуваните сцени во Белград: Треба да им се објасни на луѓето дека постои и второ полувреме

Објавено

на

Foto:twitter.com/FSSrbije

Србија го положи најважниот испит во квалификациите за Европското првенство, па така по вториот пораз кој го претрпе од Унгарија, оствари клучна победа против Црна Гора на домашен терен.

„Финалето“ на „Рајко Митиќ“ им припадна на Србите со резултат 3:1 и сега тимот на Пикси го дели само еден бод од математички пласман на Европското првенство, но српскиот селектор вели дека за него Србија веќе е на турнирот во Германија.

– Бевме во нокаут по мундијалот во Катар и ни беше потребно време да се прибереме. Не ни беше лесно, но успеавме да дојдеме на чекор од Европското првенство. За мене, Србија е веќе во Германија со оваа победа што ја остваривме.

Дури и во ситуација кога на крајот сите беа расположени во Белград, новинарите го потсетија Пикси дека имаше свирежи на трибините при резултат 1:1 на полувреме.

– Јас не ги слушнав свирежите, но не знам зошто имало такво епилог. Треба да им се објасни на луѓето дека натпреварите имаат и второ полувреме. Не сакам да слушнам свирежи на трибините, овие момци заслужуваат поддршка. Ќе играме Европско првенство после 24 години, овие момци ги заслужуваат сите пофалби. Сите кои влегуваа во игра го даваа максимумот на сите натпревари, – изјави Драган Стојковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни