Поврзете се со нас

Лига на нации

Пикси: Во Германија ме извадија од кожа неколку играчи, ова е тоа што го барам!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FSSrbije

Драган Стојковиќ Пикси го подготвуваше мечот против Шпанија со доста проблеми поради повредени играчи и ѕвезди кои му откажаа во последен момент, но испадна дека неговиот тим може да игра и без елитни и звучни имиња како Сергеј Милинковиќ Савиќ, Александар Митровиќ и Душан Влаховиќ.

„Орлите“ покажаат голема пожртвуваност и борба за секоја топка во пресметката со актуелниот европски шампион, а дефинитивно можат и да жалат што не победија поради фактот што Лука Јовиќ ја имаше најдобрата шанса на средбата.

Србија се бранеше со сите сили по промашувањето во првиот дел и успеа да издржи до последен момент, па тоа направи Пикси да биде горд на овие фудбалери кои го потрошија и последниот атом од силите за да остварат голем резултат.

– Мене ми е најважно што реакцијата на овие играчи беше извонредна во тактичка смисла. Има многу млади играчи и сите беа дисциплинирани. Ако се навратам на Германија, имаше моменти кога ме вадеа од кожа. Имаше играчи кои не сакаа да го испочитуваат тоа што го барам од нив. Нема да ги именувам, али имаше неколку.

– Кога ќе се случи такво нешто, нормално е да имап проблем, видовте како изгледавме денес кога се испочитува тоа што го барав. Може да се загуби меч и во вакви услови, но екипата покажа организација од првата до последната минута и на крајот добивме награда за пожртвуваноста. Треба да се игра како што ќе кажам јас, а не како што мислат некои играчи, – изјави Пикси.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни