Балкан
Пикси: Влаховиќ има шанса да покаже дека тоа што му го прават во Јуве не е фер

Драган Стојковиќ денеска одржа прес-конференција во Белград и оттаму испрати пораки за поддршка до цел македонски народ, ставајќи ја во преден план големата трагедија во Кочани која го погоди цел регион.
Српскиот селектор покажа класа и најави дека ќе закаже пријателски меч со Македонија за да се соберат парични средства за семејствата на настраданите во ужасниот пожар, па по емотивната увертира која ја имаше при обраќањето, во продолжение се насочи на спортски теми кои се интересни за домашните медиуми.
Србија во месец март ќе одигра два натпревари против Австрија во Лигата на нации, а пред истите, Пикси најави дека има максимална доверба во Душан Влаховиќ, фудбалер кој минува низ навистина тежок период во Јувентус.
– Имам навистина високо мислење за Влаховиќ и за неговите квалитети. За жал, во фудбалот понекогаш може да има навистина негативна атмосфера во еден клуб. Нема да навлегувам во детали и да коментирам зошто не игра во Јувентус, тоа е нивна работа.
– Јас можам да зборувам за себе, за нас, за Србија. Секој играч има позитивни и негативни периоди во кариерата, но ние го цениме Душан и сметаме дека е еден од најважните играчи во тимот. Тој секогаш ќе игра додека јас сум селектор, сега има шанса да покаже дека тоа што му го прават во Јувентус не е фер, – изјави Пикси.
-
Македонија22 часа
Воска Спорт: Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, бевме принудени да се повлечеме од теренот
-
Шпанија21 час
Судискиот експерт на „Марка“ даде оценка за контроверзниот пенал на Барселона
-
Италија20 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија23 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија4 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија7 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија18 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите