Поврзете се со нас

Европски првенства

Пикси се огласи за својата иднина по елиминацијата од ЕП: Не бевме вреќа за удирање!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FSSrbije

Србија го заврши својот настап на Европското првенство во Германија со еден порази и две реми средби, но освоените два бода беа доволни само за последно место во групата и испаѓање уште во првата фаза.

Српскиот тим со големи амбиции отпатува во Германија во своето прво Европско првенство по 24 години, па иако составот на Пикси значително напредуваше во одбраната, мора да се напомене дека недостасуваа идеи и добри решенија во нападот.

„Орлите“ постигнаа само еден гол и тоа беше премалку за да се надеваат на пласман во осминафиналето, а во ситуација кога доаѓаат низа критики за прикажаната игра, селекторот Драган Стојковиќ сосема поинаку гледа на работите.

– Не успеавме да го направиме оној чекор што ни недостасуваше. Чекавме една шанса, еден гол против Данска. Знаев дека ова ќе биде меч без многу шанси и дуелот беше нависитна изедначен. Ова не е никаква трагедија, јас сум горд на овие момци. Не бевме вреќа за удирање на ова Европско првенство, групата беше изедначена и не гледам никаква трагедија во нашиот резултат. Треба да бидеме горди и прикажаното, – изјавил Пикси, кој експресно бил прашан дали ќе остане селектор по разочарувачкиот резултат во Германија.

– Тоа не е прашање за мене, но во договорот не постои никаква клаузула за прекин. За да ме разберете подобро, јас немам од што да се срамам. Си одам од Германија со подигната глава, ова е спорт и најважно е да дадете се од себе. Играчите дадоа се од себе, направивме страшен напредок во одбрана и нема причина на овој резултат да се гледа како да е трагедија. Секако дека постои разочарување што не продолжуваме на турнирот, но за мене важно беше да видам како играчите се жртвуваат за тимот и нацијата. Покажавме тимски дух и горд сум на моите фудбалери, – изјави Пикси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни