Поврзете се со нас

Балкан

Пикси: Савиќевиќ одби голема чест од Црвена Звезда

Објавено

на

Фото: facebook.com/FudbalskiSavez

Актуелниот српски селектор Драган Стојковиќ-Пикси открил интересна информација за време на промоцијата на неговата автобиографска книга.

Легендата на југословенскиот и српскиот фудбал зборувал за својот поранешен соиграч Дејан Савиќевиќ, кој во еден момент одбил голема чест од клубот.

Во периодот кога Стојковиќ беше претседател на Црвена Звезда, му ја претставил идејата да биде прогласен за шеста клупска „ѕвезда“, но Савиќевиќ ја одбил понудата.

– Тоа не беше официјално, но така е… Имав такво мислење, му го кажав тоа на Дејо, но тој ме одби. Се обидував да го убедам, но тоа е Савиќевиќ. Тој беше перјаница на екипата која победи во Купот на европските шампиони, со почитување за сите, но мислам дека беше над сите во тој тим и требаше да добие посебно признание, – изјавил Стојковиќ.

Нешто подоцна, Савиќевиќ, Дарко Панчев, Илија Најдоски и останатите од шампионската генерација беа прогласени за шеста купска „ѕвезда“ како тим.

Преостанатите пет „ѕвезди“ се Рајко Митиќ, Драгослав Шекуларац, Драган Џајиќ, Владимир Петровиќ и Драган Стојковиќ-Пикси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни