Поврзете се со нас

Европски првенства

Пикси остави голема ѕвезда на клупата, Данците не прават експерименти

Објавено

на

Foto:x.com/FSSrbije

Србија мора да оди на позитивен резултат против Данска ако сака да остане дел од ЕП во Германија, а селекторот Драган Стојковиќ-Пикси реши да направи неколку изненадувања во составот.

Душан Влаховиќ првпат на ова ЕП ќе остане на клупата и нема да биде стартер, а во нападот останува Александар Митровиќ, кој во позадина ќе ги има Самарџиќ и Лукиќ.

Во составот е и играчот на Црвена Звезда, Срѓан Мијаиловиќ, кој ќе ја покрива десната страна против скандинавската селекција.

Кај Данска, во офанзивниот дел, Ериксен останува зад Хојлунд и Винд, a Скандинавците го дочекуваат овој натпревар со бод повеќе од Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни