Поврзете се со нас

Балкан

Пикси: Невидена трагедија, ќе предложам да одиграме хуманитарен меч со Македонија!

Објавено

на

Foto:x.com/FSSrbije

Селекцијата на Србија ги започнува подготовките за дуелите со Австрија во Лигата на нации, па предводникот на националниот тим Драган Стојковиќ Пикси денеска имаше соочување со медиумите на кои разговораше за повеќе теми, но пред тоа се огласи и изрази сочувство на семејствата на загинатите во трагичниот настан што се случи во Македонија.

Трагедијата во Кочани е топ тем во регионот и пошироко, па популарниот Пикси рече дека ќе предложи одигрување на натпревар со Македонија кој би бил од хуманитарен карактер,

-Пред да започнеме со конференцијата во врска со натпреварот, вчера се случи страшна несреќа. Невидена трагедија во Македонија. Би сакал да изразам сочувство до луѓето и семејствата на жртвите.

-Ќе предложам ФСС да стапи во контакт со Фудбалската федерација на Македонија за да можеме евентуално да одиграме натпревар со нив во иднина. Секако, сето ова би имало хуманитарен карактер. По трагедиите што ги доживеавме, ова е уште една, -истакна селекторот на српската селекција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни