Поврзете се со нас

Европски првенства

Пикси „нападнат“ од српските новинари на аеродромот во Белград: Бевме меѓу најдобрите во еден сегмент (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FSSrbije

Драган Стојковиќ е топ тема во Србија во изминатите 24 часа и голем дел од медиумите го отпишаа како селектор на националниот тим, но и покрај сите непријатни удари кои ги добива од медиумите, некогашниот капитен покажа доблест и повторно решил да се соочи со претставниците на седмата сила.

Пикси дал изјава за насобраните новинари кои го „нападнале“ на аеродромот „Никола Тесла“, но во обраќањето не се штедел и посочил дека тие се задолжени за непријатната атмосфера со негативното известување.

– Чекавте неуспех, повелете, удирајте, плукајте по мене, вреѓајте…… Сакате да ми кажете дека Англија беше подобра од нас, дека Словенија беше подобра од нас, или Данска?  Не може така, тоа не е точно.

– Немој да заборавите дека 90 проценти од луѓето во Србија вееруваа деке ќе примиме пет голови од Англија, или шест. Нашата одбрана беше една од најдобрите на Европското првенство.

– Разбирам дека има фрустрација и разочарување, но ова не е фијаско како што велите. Ако некој е незадоволен, тоа сум јас. Фијаско и дебакл е ако некој ве победи 7:0, ако се пијанчите по Минхен и по Аугзбург и ако се тепате на тренинг. Немаше такво нешто и јас сум горд на овие момци, – изјавил Пикси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни