Светски првенства
Пикси му одговори на Силва: Немаше да зборува така ако Митровиќ…

Тиаго Силва како капитен на Бразил го нападна Александар Стојковиќ по првиот меч кој го одиграа Бразил и Србија на Светското првенство, што беше продолжение на изјавата која ја даде Пикси во најавата за пресметката со „кариоките“.
Српскиот селектор го пофали офанзивниот дел од тимот на Бразил и нагласи дека во таква ситуација немаат доволно играчи кои помагаат во дефанзива, изјава која беше сфатена како директно потценување од страна на искусниот стопер кој не се штедеше по крајот на мечот.
Силва му препорача на Пикси да прави подобри подготовки за противникот во иднина, а превдодникот на Србите дочека шанса за одговор на новата прес-конференција.
– Не ја слушнав изјавата на Тиаго Силва и нема потреба да ја слушам. Кога сум тука, не ги читам изјавите и медиумите. Тој е врвен фудбалер, но лесно му беше кога играше против недоволно фит фудбалер како што беше Митровиќ. Да беше Митро 100 проценти подготвен, немаше да зборува така.
– Ако вели дека треба да направиме подобра анализа, ќе му кажам дека го погодив стартниот тим на Бразил уште на 15-ти ноември. Наш проблем беше што не бевме подготвени, го одигравме тој меч без напад, – изјави Пикси.
-
Светпред 19 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
НБАпред 24 часа
Лука се врати од повреда и приреди НБА шоу: Постигна 53 поени и славеше пред противничката клупа (Видео)
-
Германијапред 20 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
АТПпред 22 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Македонијапред 20 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 14 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)