Поврзете се со нас

Балкан

Пикси: Исполнивме две од трите цели, јас не сум Дедо Мраз…

Објавено

на

Репрезентацијата на Србија немаше забележителен настап на Светското првенство каде ги спакува куферите уште по групната фаза.

Србите имаа амбиции да стигнат до четвртфиналето, ама тоа на крајот се покажа како преголем залак за избраниците на Драган Стојковиќ Пикси кои Мундијалот го завршија со само еден освоен бод против Камерун.

Денеска селекторот Пикси имаше соочување со јавноста, новинарите каде испрати неколку важни пораки.

-Прес-конференцијата ја свикав од две причини, како одговорен човек. Првата е секако почит кон медиумите, а втората е јавноста. Сакам да објаснам некои работи од прва рака по нашето учество на Светското првенство во Катар. Селектор на Србија сум 20 месеци. Поставивме три цели, челниците на федерацијата и јас. Две остваривме, третата не. Ја остваривме првата цел да се пласираме на СП, а втората беше прво место во Лигата на нации. Не успеавме да ја оствариме третата цел, а тоа е пласман во втората фаза на Светското првенство во Катар, -рече Стојковиќ,

-Би било кукавички да одлетам во Париз, Мајами и да испратам изјава во пет-шест реченици, а вие да правите и да пишувате што сакате. Тоа е кукавичлук, немам причина да се срамам. Дали сум во право или не, тоа е мое мислење, но никогаш не беше доведено во прашање моето појавување пред јавноста и новинарите.

-Не сакав да бегам по резултатски неуспех. На Мундијалот не бевме вреќа за боксирање, не бевме банда што е дојдена да се бања. Не читав што пишуваат медиумите, бидејќи сакав да се фокусирам само на тимот. Слободно критикувајте, ова е демократска земја, но да влијаете на тимот, кој ќе игра, кој ќе биде во ростерот, во кој систем? Јас одлучувам за тоа и никој друг во оваа земја, само јас. Затоа ја делам одговорноста, -истакна селекторот и додаде:

-Нема влијание од клубовите, агентите, нивните интереси… Секако дека сметата, бидејќи не можат да ве манипулираат. Се додека сум селектор ќе биде така, бидејќи имам идеја и став за кој се борам. Горд сум на се што направивме. Јавноста може да се гордее со репрезентативците. Нацијата ме поддржува 100 проценти, тоа го чувствувам, не ја лажам нацијата, ниту ќе ја лажам. Јас не сум Дедо Мраз што исполнува желби, имам став и на некои тоа не им се допаѓа. Од март знам дека некому сум трн во око. Ги боли што немаат влијание врз репрезентацијата. Ги боли тоа што Спортскиот центар повторно презеде функција, функција на мир, спокојство, а не кафеана во која може да влезе секој кога сака. Се обидуваат да го уништат, тоа се почувствува и во квалификациите. Пласманот на Мундијалот се обидоа да го претстават како случајност, а тоа се споредни фактори кои ќе ги имате цело време, -порача предводникот на Србите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни