Поврзете се со нас

Балкан

Пикси го врати Влаховиќ, но и натаму игнорира една ѕвезда од средниот ред (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FSSrbije

Драган Стојковиќ денеска го објави поширокиот список на фудбалери на кои ќе смета во месец ноември, а главна вест во Србија е кам-бекот на Душан Влаховиќ во репрезентативниот тим.

Напаѓачот на Јувентус поради приватни причини ги прескона претходните два ФИФА прозорци, но сега очигледно му се става на располагање на Пикси за ноемвриските натпревари против Швајцарија и Данска.

Од друга страна, доста внимание на медиумите им привлекува тоа што селекторот и натаму го игнорира Сергеј Милинковиќ Савиќ кој игра во Саудиска Арабија, но на списокот го нема и неговиот брат Вања.

На поширокиот список е вратен и Немања Гудељ, а ново име во средниот ред е Мирко Топиќ, фудбалер кој настапува за португалски Фамаликао.

Србија оваа фаза од Лигата на нации ќе ја заврши со натпревари во Цирих против Швајцарија на 15-ти ноември, а три дена подоцна ќе ја пречека Данска во Лесковац.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни