Лига на нации
Пикси го впери прстот и му смисли нов прекар на несопирливиот „Митро-гол“ (Видео)

Фудбалската репрезентација на Србија доживува ѕвездени моменти со Драган Стојковиќ како селектор, бидејќи покрај пласманот на Светското првенство кое беше обезбедно со голема победа во Португалија, „орлите“ остварија нов голем успех и во Лигата на нации.
Со забележената победа во Осло на гостувањето, Србија се промовираше во Лигата А во Лигата на нации и наредната година ќе биде дел од европската елита, а последните два триумфи над Шведска и Норвешка прават атмосферата во таборот да биде уште подобра пред мундијалот во Катар.
Легендарниот Пикси создаде одлична хемија во тимот кој е исполнет со многу врвни фудбалери, но синоќа повторно се истакна Александар Митровиќ кој го постигна погодокот за решавање на победникот.
Популарниот „Митро-гол“ стигна до јубилејниот 50-ти погодок во репрезентацијата на Србија, поради што доби и нов прекар од страна на српскиот селектор.
– Александар Велики!, – порача Пикси.
🇷🇸 𝐀𝐋𝐄𝐊𝐒𝐀𝐍𝐃𝐀𝐑 𝐓𝐇𝐄 𝐆𝐑𝐄𝐀𝐓! 👑 https://t.co/UW5ioRD7Pn pic.twitter.com/2lL2tGfWeP
— Fudbalski savez Srbije | FA of Serbia (@FSSrbije) September 27, 2022
-
Балканпред 24 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
АТПпред 19 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 15 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Францијапред 24 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Англијапред 17 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 20 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
АТПпред 4 часа
Синер му се реваншираше на Алкарас и го врати Ѓоковиќ на врвот