Светски првенства
Пикси доби жесток напад од Србија: Како да немавме селектор, никогаш не сум видел вакво нешто

Раде Богдановиќ во својата играчка кариера настапуваше за екипи како Атлетико Мадрид, Вердер Бремен и Арминија Билефелд, а како поранешен југословенски репрезентативец денеска се најде во фокусот со својата осуда за Драган Стојковиќ.
Поранешниот фудбалер кој за Светското првенство работи како стручен аналитичар ја префрли цела вина кај селекторот Пикси, откако Србија се распадна по водството од 3:1 и испуши чиста победа против Камерун.
Ремито од 3:3 многумина го гледаат како пораз, бидејќи тимот кој беше подобар на теренот дозволи набрзина да прими два смешни и речиси идентични гола во ситуација кога се местеше офсајд замка.
– Никогаш не сум видел некој толку лошо да води еден натпревар како тоа што денеска го правеше Стојковиќ. Како да немавме селектор на клупата. Водевме два гола разлика и имавме висок пресинг, наместо да ја спуштиме топката и да чекаме со момци кои не се доволно подготвени. Откако се повреди Павловиќ, настана потоп во тимот.
– Не ми е јасно што имаше Пикси во главата. Во вториот дел ни недостасуваше тактика и цврста рака. На 3:1 дозволивме да ни направат контра, јас никогаш не сум видел вакво нешто во животот, – вели Богдановиќ.
-
Светпред 21 час
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 24 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Италијапред 13 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Македонијапред 22 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 16 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“