Поврзете се со нас

Светски првенства

Пикси: Би ја менувал групата со онаа на Хрватска

Објавено

на

Репрезентацијата на Србија вчера ги доби ривалите за Светското првенство во Катар каде ќе ги одмери силите со Бразил, Швајцарија и Камерун.

Тоа е тешка, незгодна група во која на Србите нема да им биде лесно да обезбедат пласман во следната фаза, но во квалификациите покажаа дека се супер квалитетни, па ја натераа Португалија да игра дополнителни квалификаци, бараж за мундијалот.

Предводник на овој тим е легендарниот Драган Стојковиќ-Пикси кој имаше интервју за хрватската телевизија „Нова“ во која призна дека повеќе би сакал да биде во групата која ја имаат актуелните светски вицешампиони, онаа во која покрај Хрватска се Белгија, Мароко и Канада.

-Што се однесува до Хрватска, тоа е тешка група, но малку полесна од нашата, 0рече Стојковиќ кој запрашан за тоа дали би ја сменил групата беше искрен и порача:

-Да, во секој случај. Мислам дека Белгија и Хрватска се фаворити за пласман во следната рунда, како Бразил во нашата група.

Пикси во Доха имаше можност да се дружи со хрватскиот селектор Златко Далиќ.

-Одличен тип. Тој е многу интелигентен човек, добро се забавувавме и разговаравме за фудбалот, за она околу четири години. Среќно на вас и на нас, во секој случај ќе играме добар фудбал“, заклучи српскиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни