Поврзете се со нас

Англија

Пикфорд задоволен од враќањето на еден ветеран во англиската репрезентација

Објавено

на

Новиот англиски селектор, Томас Тухел, неодамна го објави првиот список откако е на позицијата, бирајќи ги фудбалерите кои ќе бидат во комбинација за настап на дуелите со Албанија и Летонија.

Германецот направи неколку интересни потези, но најголем публицитет доби враќањето на искусниот Џордан Хендерсон, кој нема настап за „трите лава“ од 2023 година.

Голманот Џордан Пикфорд ја поздрави оваа одлука на Тухел и смета дека е исправна.

– Очекувам да одиме чекор понатаму на големите натпреварувања со новиот менаџер, а тоа е конечно да подигнеме трофеј.

– Ги започнуваме квалификациите со враќање на Хендерсон кој има многу настапи во националниот тим, го поседува потребниот победнички менталитет и освои многу трофеи со Ливерпул.

– Колку повеќе лидери имате во тимот, мислам дека на повеќе успеси можете да се надевате. Очекувам од Хендо и тие како него да ги поставуваат стандардите на тренинзите и натпреварите, – рекол Пикфорд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни