Поврзете се со нас

Англија

Пикфорд со луди гримаси го деконцетрираше Халанд пред да му одбрани пенал (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Everton

Џордан Пикфорд е познат по тоа што на своето шише секогаш има залепено список на кој е напишана пенал анализата за сите изведувачи на противникот, па како што стојат работите, англискиот репрезентативец уште еднаш на најдобар можен начин ја заврши домашната задача.

Евертон успеа да извлече бод на „Итихад“ кај грогираниот Манчестер Сити и ја продолжи агонијата без победа на Манчестер Сити, а најзаслужен за тоа беше токму Пикфорд.

Ерлинг Халанд доби најдобра шанса да се запише во листата на стрелците и да донесе предност од 2:1, но Норвежанецот ја потврди лошата форма такашто не реализираше удар од 11 метри.

Пикфорд успеа да го прочита противникот и се фрли на вистинска страна, меѓутоа пред да го направи тоа, го привлече вниманието со својата откачена тактика.

Џордан со луди гримаси се обидуваше да го деконцентрира ривалот во дадената ситуација, па иако можеби беше само случајност, конечниот резултат заврши во негова полза.

Видеото од моментот погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни