Англија
Пикфорд и дефанзивците на Евертон смислија нова тактика за трошење време на „Емирејтс“ (Видео)
Арсенал не успеа да го скрши бедемот пред голот на Евертон и испушти нови два бода во битката за титулата, натпревар на кој тимот на Микел Артета уште еднаш покажа дека се мачи да постигне погодок од игра.
„Топчиите“ веќе на три меча во низа во Премиер лигата немаат постигнат гол од отворена игра, а киксот против Евертон значеше уште една пропуштена шанса, особено поради тоа што и Ливерпул само ремизираше со Фулам.
Арсенал беше доминантен на домашен терен и на секој начин се обидуваше да го скрши отпорот на „карамелите“, но кога стана јасно дека не можат да најдат решение, пристигна и една несекојдневна сцена на фудбалскиот терен.
Во завршните моменти од судиското продолжение, Џордан Пикфорд и дефанзивците на Евертон презентираа нова тактика за задржување време, па иако стануваше збор за последните секунди, истата стана вирален хит.
Англискиот репрезентативец успеа во намерата да сочува чиста мрежа, а потоа со големи емоции го славеше освоениот бод во Северен Лондон.
A few fans booed at the end of today's game…
🎥 (IG/takaharu_osako) #afc pic.twitter.com/IMQSqx0HgF
— . (@APresserV2) December 14, 2024
Find someone who loves you as much as Jordan Pickford loves time-wasting. pic.twitter.com/gb64Ur4Mjh
— Zach Lowy (@ZachLowy) December 14, 2024
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија11 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација14 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија15 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…