Поврзете се со нас

Шпанија

Пике за реалноста на Барселона: Мора да се каже вистината…

Објавено

на

Барселона веќе неколку години има проблеми на финансиски план и тоа дефинитивно влијае врз резултатите, успесите на клубот.

Во актуелнава сезона тренерот Чави Ернандес не ги доби посакуваните засилувања и најдобар доказ за тоа е позицијата играч за врска на која за многу мала сума на пари беше донесен Ориол Ромеу и тоа како замена за легендарниот Серхио Бускетс. Чави сакаше некои други имиња како Зубуменди, Кимих…меѓутоа финасиите си го направија своето и на крајот се доведе алтернатива која е проблематична, решение кое не е она вистинското.

Ама без разлика на сите проблеми и ситуацијата во повеќе наврати управата на клубот предводена од претседателот Жоан Лопарта го фалеше составот, најавуваше освојување на титули, ама реалноста е друга и тоа најдобро го знае Жерар Пике кој долги години беше дел во каталонската гордост.

Пике смета дека клубот мора да им ја каже вистината на сосиосите, поддржувачите на Барселона, односно да не се создава нереална слика околу одредени топ засилувања и титули како онаа во ЛШ.

-Ако реалноста на клубот е дека нема „ниту дена“, мора тоа да се каже. Не можете да продавате чад и кажувате дека ќе ја освоиме ЛШ и потоа немате пари за да се натпреварувате, -истакна Пике кој посочи дека не ја знае екононската ситуација, но нема смисла да се говори за засилувања од типот на Халанд или Мбапе.

За него решение е да им се верува на играчите од школата во наредните години.

-Ќе им веруваме на луѓето од Ла Масија кои се многу добри и талентирани. Оставете ги да работат и со нив ќе се обидуваме да ја освоиме Ла Лига, -рече Жерард во разговорот со Ибаи Ланос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни