Поврзете се со нас

Шпанија

Пике за првата средба со Ван Гал: Ме турна на земја и ми порача дека не сум доволно силен за дефанзивец

Објавено

на

Луи Ван Гал водеше многу големи клубови во кариерата и ги освои најважните трофеи на клупски план, а своевремено беше лидер на проектот на Барселона и како еден од најдобрите стручњаци во светот, имал една необична средба со едно 11-годишно или 12-годишно голобрадо момче.

На ова соочување се потсетува Жерард Пике во ексклузивното интервју кое го имаше со легендарниот Хорхе Валдано, на кого му откри дека холандскиот стручњак во свој стил му пронашол забелешка како младо момче додека бил гостин во неговата куќа.

Пике потекнува од богато семејство и самиот вели дека ништо не му недостасувало во детството, па дури имал и можност да гледа како големи имиња од клубот доаѓаат во неговиот дом, бидејќи неговиот дедо бил член еден од директорите на клубот.

Сепак, Жерард вели дека посебно се сеќава на посетата на Луи Ван Гал, кој пред да вечера во неговиот дом, го турнал на земјата во ходникот.

– Мојот дедо беше директор и го доведе Ван Гал на вечера. Јас имав 11 или 12 години. Го облеков дресот на Барселона, сакав да го импресионирам. Пред да се поздрави со мене, ме турна со сета сила и јас завршив на земја. „Не си доволно силен за да бидеш дефанзивец“, ми се обрати со тие зборови. За време на вечерата, цело време мислев на тоа дека морам да станам посилен, – открива Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни