Поврзете се со нас

Шпанија

Пике за потегот на Мансано: Сите го знаеме нивото на овој судија…

Објавено

на

Валенсија и Реал Мадрид ги поделија бодовите на соочувањето на „Месталја“, меч кој можеше да заврши и со сосема друг резултат ако судијата Хесус Хил Мансано на крајот на средбата немаше реакција, потег со кој ги збесна гостите од шпанската престолнина.

Мансано свирна крај на секунда-две пред Реал да даде гол за 3-2, контроверзен момент кој донесе реакции, коментари кои ги имаше и ќе ги има и во наредниот период.

Се огласија поранешни судии за оваа ситуација, а до збор дојде и Жерард Пике кој беше директен како секогаш.

-Сите веќе го знаеме нивото на овој судија. Ме исклучи на „Ел Садар“, а јас не кажав ништо, но освен ова што на крајот не ми е важно, тој има историја што не ја разбирам, бидејќи е меѓународен судија, тој треба да биде на највисоко ниво.

-Ова не е првпат ова да го направи. Разбирам дека Мадрид може да се жали, тој требаше да свирне многу порано, тоа не е неправилен свиреж, тоа е доцен свиреж. Да свирнеш кога има центаршут нема никаква смисла, -порачал Пике кај Ибаи Ланос.

Лахоз распали по Мансано за судискиот скандал кој го режираше на „Месталја“

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни