Поврзете се со нас

Шпанија

Пике за новата ѕвезда на Реал: Винисиус имаше договорен трансфер во Барселона

Објавено

на

Винисиус ја оправда довербата на Реал Мадрид и актуелниот тренер Карло Анчелоти, па сезонава се претвори во еден од најважните играчи на „кралскиот клуб“.

Потезите и головите на Бразилецот носат бодови за Реал, а Жерард Пике тврди дека кариерата на Винисиус требало да се движи во поинаква насока.

За време на Твич разговорите со Ибаи Љанос, Пике открил дека фудбалерот имал договорен трансфер со Барселона, но Реал го „украл“ во последен момент.

– Винисиус е фудбалер со голем талент, дали знаеш дека требаше да дојде во Барселона?

– Зборував лично со него пред да потпише со Реал Мадрид и за време на разговорот тој ми призна дека имал постигнато договор со Барса. Тоа беше завршена работа.

– Не се сеќавам најдобро, но ние го очекувавме во соблекувалната, но Реал се појави во последните моменти и очигледно добил понуда која не можел да ја одбие, – открил Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни