Поврзете се со нас

Англија

Пике за Халанд: За да стигне до нивото на Меси и Роналдо…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд веќе неколку години е на големата фудбалска сцена на која вистински експлодираше минатата сезона во која успеа да даде дури 52 гола во дресот на Манчестер Сити и тоа во првата година на „граѓаните“, кампања во која беше испишана историја со освоена тројна круна.

Халанд заедно со Килијан Мбапе често знаат да бидат споредувани со Лионел Меси и Кристијано Роналдо како предводници на новата генерација, играчи кои можат да видат, бидат лидери, примери, ама јасно е дека многу е тешко да се достигне ниво на Аргентинецот и Португалецот, две легенди, машини кој оставија огромна трага во фудбалот во претходните две децениии.

Жерард Пике имаше можност да игра покрај двајцата, па за споредбите на Ерлинг со Лео и Кристијано тој порача:

-Мислам дека тој има многу потенцијал, но за да дојде на нивото на Меси и Кристијано, треба да се мине долг пат. Мора да освои толку многу титули, мора да го прави тоа 15, 17, 20 години и ова исто така не е лесно. Тој е многу млад, многу ветуваа и има многу потенцијал, но сепак мислам дека е далеку од тие двајца, -порача Пике за „Токспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни