Пике за Федерер: Може да мисли што сака, Швајцарија и онака не обезбеди пласман

Pike-davis-cup

Новиот формат на Дејвис купот дебитира неделава во Мадрид и тоа во организација на компанијата „Космос“ зад која стои фудбалерот на Барселона, Жерард Пике.

На денешната прес-конференција Пике зборувал за почетните импресии по мечевите од групната фаза, а новинарите не пропуштиле да побараат мислење и за ставот на Рожер Федерер кој не е многу импресиониран од проектот и неколку пати досега разменува поостри реплики со Пике.

– Пробувам да размислам зошто неговиот став е таков, претпоставувам дека поради „Лејвер куп“ кој е во негова организација, разбирам дека го гледа Дејвис купот како конкуренција.

– Може да мисли што сака, ќе го респектираме неговиот став, но и онака Швајцарија немаше обезбедено пласман на завршниот турнир. Ако беше спротивното, можеби ќе беше поинаку. Но, не би требало да се фокусираме на еден играч, подобро е да гледаме на сегашноста и иднината, на турнирот има одлични играчи и големи таленти, – потенцирал Пике.

Facebook Коментари