Поврзете се со нас

Шпанија

Пике за евентуалното продолжување на сезоната на 12 јуни: Долго време бевме без тренинзи, мислам…

Објавено

на

Фудбалерот на Барселона, Џерард Пике го даде своето мислење за евентуалното продолжување на сезоната во Ла Лига.

Вчера претседателот на ова натпреварување, Хавиер Тебас, потврди дека ќе има фудбалски маратон и дека 35 дена секој ден ќе има по некој натпревар.

Притоа Тебас изјави дека негово размислување е сезоната да продолжи на 12 јуни за да се има време истата да заврши до крајот на јули.

Сепак, Пике смета дека враќање на терените толку рано би можело да предизвика проблеми со повреди кај фудбалерите кои не се доволно подготвени откако два месеци поминаа заклучени во своите домови.

– Го разбирам интересот на Ла Лига сезоната да се заврши затоа што влогот е голем. Без оглед што ние сме лидери на табелата, би било лошо ако ја освоиме титулата по прекинот на првенството.

– Слушнав дека претседателот на Ла Лига зборува за продолжување на 12 јуни. Многу време поминавме без акција и мора да мислиме на тоа дека сите мора да бидеме добро подготвени за да го намалиме ризикот од повреди. Ако можам да го дадам своето мислење, мислам дека уште неколку дена плус би ни биле добредојдени, -изјави Пике.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни