Шпанија
Пике со совет за разочараниот Гави: Најважна е само една работа

Гави стана важна алка не само во тимот на Барселона, туку и во шпанската репрезентација, но сега го чека долга пауза поради повреда.
Шпанскиот фудбалер заработи посериозна повреда на коленото на дуелот со Грузија и веројатно ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната, а совет до него испрати поранешниот играч на Барса, Жерард Пике.
– Повредата на Гави е навистина голема несреќа, бројките кои ги акумулираше во дресот на Барселона и репрезентацијата се неверојатни.
– Најважно за него во моментов е само едно, а тоа е целосно да се рехабилитира од повредата. Не смее да брза, очекувано е на ментално ниво да размислува за Европското првенство и Олимписките игри, но јас го советувам да се врати само тогаш кога ќе биде целосно подготвен за тоа.
– Знам колку му е важно ЕП, посебно што требаше да му биде прво во кариерата, но не треба премногу да се разочарува затоа што има уште 15 години од својата кариера, – рекол Пике.
-
Италијапред 21 час
Галјардини му се потсмеваше во лице на Рабио, доби одговор две минути подоцна (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 9 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Македонијапред 18 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Светпред 21 час
Ниска провокација: Стоперот на Ал Хилал го бараше невидливиот Роналдо во мрежата од голот! (Видео)
-
НБАпред 21 час
Нуркиќ го предизвика Јокиќ, но и му помогна на Денвер со потег во самиот финиш (Видео)
-
Македонијапред 12 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Италијапред 8 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)