Поврзете се со нас

Свет

Пике со прва реакција откако шесте англиски премиерлигаши го „закопаа“ проектот на Флорентино (Фото)

Објавено

на

Флорентино Перез се истакна како главен организатор на Супер лигата во која потписници беа дури 12 угледни газди на познати фудаблски великани, а како човек кој тврдеше дека ова натпреварување ќе стана реалност како директна конкуренција на Лигата на шампионите, сигурно не очекуваше радикален пресврт во период од 24 часа.

Проектот на Перез и Ањели многу брзо се најде пред пропаѓање и колапс, откако сите шест англиски потписници и основачи се откажаа од идејата да бидат дел од натпреварувањето кое ги разбесни и разлути фудбалските експерти, легендите од минатото, актуелните играчи, а пред се фудбалските фанови.

Манчестер Сити, Мачестер Јунајтед, Ливерпул, Челси, Арсенал и Тотенхем и официјално се откажаа од идејата за која Перез велеше дека е спас за фудбалот, а повлекувањето на овие шест великани наиде на поздрав од страна на Жерард Пике кој очигледно исто така е против Супер лигата.

Барселона се уште официјално се нема откажано од натпреварувањето и остануваат шесте потписници (по три од Шпанија и Италија), но затоа Пике смета дека откажувањето на Англичаните е почетокот на крајот на Супер лигата.

– Фудбалот им припаѓа на фановите. Денеска повеќе од било кога, – порача Пике.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни