Поврзете се со нас

Шпанија

Пике се повреди и го очекува нова пауза од терените

Објавено

на

Жерард Пике беше еден од хероите на Барселона во вчерашниот триумф над Севилја од 3-0, триумф со кој каталонците обезбедија пласман во финалето на Купот на Шпанија.

Меѓутоа стоперот во продолженијата се повреди, ама без разлика на тоа стисна заби, го одигра мечот до крај се со цел да му помогне на клубот. Во тоа успеам, но сега ќе мора да паузира затоа што тоа го бара повредата на лигаментот на десното колено.

Од Барселона не дадоа прогноза, временски период кога стоперот ќе може да се врати на терените, но според шпанските медиуми тоа би било дури по интернационалната пауза што значи ќе скокне најмалку четири мечеви и тоа против Осасуна, ПСЖ, Уеска и Реал Сосиедад.

Само да потсетиме Пике имаше долга пауза сезоната, се врати минатиот месец против ПСЖ во тешкиот пораз на Барса од 4-1 во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни