Пике се потсети и објасни каква лекција добил од страшниот Кин: За малку ќе ги наполнев гаќите (Видео)

kin

Жерард Пике долго време го носи на Барселона, но во својата фудбалска кариера имаше можност да биде дел и од премиерлигашот Манчестер Јунајтед (2004-2008) каде имаше можност да ја дели соблекувалната со многу познати и легендарни имиња меѓу кои и Рој Кин.

Сите оние кои го пратат подолго време фудбало добро знаат кој е Кин, каква улога и каков лидер беше додека го носеше дресот на Јунајтед. Меѓутоа со Рој немаше компромис, па освен што беше страшен на теренот, такав бил и во соблекувлната, а доволен доказ за тоа е приказната на Пике.

-На еден од моите први мечеви на  „Олд Трафорд“ бевме во соблекувалната и се подготвувавме, а јас бев многу нервозен. Замислите, имам 18 години и седам во соблекувалната и ги облекувам чорапите покрај Нистерлој, Гигс и Фердинанд. Сакав да бидам невидлив. Си помислував: Само заврши си ја работата и остани незабележан. Па ние го чекавме шефот (Алекс Фергусон) да дојде и зборува со нас,  а јас седам до Рој Кин. Соблекувалната беше мала и нашите нозе скоро се допираа. Нема никакво место. Мртва тишина. Кога одеднаш се слуша мала вибрација. Рој гледа низ соблекувалната, а јас сфатив дека тоа е мојот телефон. Го ставив на вибрации, во џебот во панталините во торбата која е до главата на Кин. Тој не можеше да најде од каде доаѓа бучавата и гледа низ собата како манијак. Ја знаете сцената со Џек Николсон во „Сјаење“ кога гледа низ вратата? Така тоа изгледаше. Почна на сите да им вика: Чиј е овој телефон? Тишина. Повторно прашува и пак тишина. Прашува луто по трет пат, а јас како учениче тивко велам: Извини, мој е. Рој ги стави рацете околу мене и се насмевна и ми кажа да не се грижам… Не, ајде се шегувам! Рој го загуби умот, полуди пред сите, беше неверојатно. За малку ќе ги наполнев гаќите, тоа беше добра лекција. Сега во 2018 се е различно, Сите деца пред средбите се со телефоните, ама во 2006 тоа беше различен свет. Тоа не смеевте да го направите, особено не во Јунајтед, не во соблекувлната на Рој. Тоа беше една од илјада грешки кои ги направив во Јунајтед, -откри Пике за „Плејерс Трибјун“.

Facebook Коментари