Пике сака да се соочи со една екипа: Сонувам за финале со нив во Лигата на шампионите

El Barcelona golea a puerta cerrada con doblete de Messi

Дефанзивецот Жерард Пике со неговата Барселона бележи резултати на ниво во оваа сезона со тоа што е видливо дека каталонците не играат атрактивно, убедливо како во претходните години.

Од друга страна пак една екипа ако се оценува по играта и резултатите кога се во прашање најсилите лиги во Европа тоа е Манчестер Сити кој во втората кампања под водство на Пеп Гвардиола буквално везе на фудбалските арени. Од тоа воопшто не е изненаден Пике кој добро го познава својот сонародник со кого имаа одлична соработка на „Камп Ноу“, а притоа посочувува дека посакува да се соочи со „граѓаните“ во финалето на Лигата на шампионите.

-Имам голема доверба во него и минатата година мислев дека се ќе освојат со него зошто знаев колкав потенцијал има клубот со него како тренер. Ама тоа не беше возможно, потребно му беше време за адаптација. Сега може да се види дека играчите знаат што Пеп сака и како сака тие да играат. Играат одличен фудбал, големи фаворити се за трофејот во ПЛ. Се надевам ќе го освојат исто и Купот, а ако може да играме во финалето на ЛШ би било одлично, -рече шпанскиот репрезентативец за „Телеграф“.

Facebook Коментари