Поврзете се со нас

Свет

Пике предложи сензационална промена на едно фудбалско правило: Само така ќе ги привлечеме новите генерации

Објавено

на

Foto:www.instagram.com/3gerardpique/

Жерард Пике стави крај на својата играчка кариера на крајот на 2022-ра година, но легендарниот стопер на Барселона е активен со неколку фудбалски проекти, а еден од нив е „Кингс лигата“.

Пике организираше нов формат на фудбалски натпревар за да ја привлече помладата публика, а веќе дел од неговите натпревари беа големи ѕвезди како Икер Касилјас, Роналдињо и Кун Агуеро.

За толку кратко време, „Кингс лигата“ на Пике стана навистина популарна и почна да се игра и во други земји надвор од Шпанија, па според Жерард таква треба да биде и иднината на големиот фудбал (во неговата лига се игра 7 на 7).

Според Пике, водечките луѓе во фудбалот треба да почнат да размислуваат на промена на времетраењето на натпреварите, бидејќи според него, ниту тој не може да се задржи пред телевизорот за меч кој трае 90 минути.

– Една од причините поради кои ја стартував „Кингс лигата“ се моите деца. Додека ги анализирав како гледаат фудбалски натпревар, тие после 10 минути беа на нивните телефони, или на таблетите. Гледаа други работи наместо фудбал. Фудбалот треба да биде забава, а во случајот не станува збор само за борба со други спортови. Фудбалот се натпреварува со „Нетфликс“, со „Амазон“, со „јутјуб“ со ТикТок. Времето е лимитирано за секого, фудбалски меч кој трае 90 минути не е возбудлив.

– Дури и јас не гледам натпревари цели 90 минути. Го гледав цел последниот меч против Наполи бидејќи беше важен, но не гледам цели 25 натпревари во една сезона. Обично гледам по 30 – 40 минути кога игра Барселона. Тоа е новиот тренд, тоа ни се случува и што побрзо го прифатиме, тоа подобро. Мора да се адаптираме на новиот тренд, – вели Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни