АТП
Пике предложи радикални промени во тенисот, Бекер му порача да се фокусира на фудбалот

Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец, Жерард Пике, постојано е актуелен со изјави поврзани со различни теми, а по фудбалските, решил да предложи промени и во тениските правила.
Пике кој еден период менаџираше со Дејвис купот очигледно смета дека е доволно подготвен за да дебатира со тениската јавност околу одредени „досадни правила“, за што доби опомена од легендарниот Борис Бекер.
– Кога го организиравме Дејвис купот, се обидовме да промениме одредени работи, но ИТФ не беше заинтересирана.
– Зошто мора да се сервира два пати во тенисот? Тоа се дополнителни 30 секунди во тапкање на топчето, тоа не е воопшто забавно за фановите.
– Тие исто така не сакаат да гледаат гејмови во кои пет минути се игра на 40-40. Треба да има „златен поен“ на 40-40 и да се реши гејмот. Тенисот мора да еволуира и да се адаптира на помладите навивачи кои се почесто се одлучуваат да гледаат „Нетфликс“ наместо спортски натпревар, – изјавил Пике.
Борис Бекер преку „Икс“ реагираше на изјавата на Шпанецот, порачувајќи му да се фокусира на фудбалот.
A very good footballer shouldn’t be discussing the future of tennis 🎾 ( with all respect @3gerardpique https://t.co/JmBaXfUw8N
— Boris Becker (@TheBorisBecker) February 28, 2025
-
Репрезентација22 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства22 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Светски првенства13 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства10 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП13 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства12 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!