Поврзете се со нас

Шпанија

Пике објасни зошто Гвардиола си заминал од Барса: Тргнав да се поздравам со Касилјас, а тој….

Објавено

на

Foto:instagram.com/3gerardpique

Во опширниот разговор кој го имаше со Гери Невил спонзориран од „Скај Бет“, Жерард Пике говореше за погрешнииот концепт кој го има Суперлигата и шокантното заминување на Лионел Меси, но се наврати и десетина години во минатото, говорејќи за незаборавната етапа на Пеп Гвардиола.

Актулениот менаџер на Манчестер Сити е навистина ценет во Англија поради тоа што го прави во Премиер лигата, но своите почетоци ги имаше во матичниот клуб каде направи историја со супер моќната Барселона од која дел беше и Пике.

Жерард на Гери Невил му објасни дека Пеп едноставно се заситил од сето она што го доживеа како тренер на Барселона, а според него, добра причина за заминување бил Жозе Мурињо, односно тензијата и раздорот кој го предизвика Португалецот меѓу шпанските играчи.

– Тоа што се случуваше во Шпанија во тоа време беше навистина многу тешко. Се сеќавам кога првпат Мурињо дојде на „Камп Ноу“ со Реал, тоа беше откако ја освои триплетата со Интер. Загуби 5:0 и тоа беше тежок удар со реалноста за него. Вистината е дека потоа правеше притисок на секој прес и во еден момент тоа дојде премногу за Гвардиола.

– Тоа што се правеше немаше ништо со фудбалот, во тоа време, Мурињо го уништи нашиот поглед на фудбалот, се уништи и односот меѓу играчите. Мурињо влегува во главите на фудбалерите и ако ти каже дека некој те мрази, ти му веруваш. Тргнав да му зборувам на Касилјас, а тој не ми возвраќаше. Моравме да имаме состанок со играчите на Реал за да ги смириме страстите. Гвардиола си отиде од Барселона поради повеќе причини, но една од нив сигурно е Мурињо, – изјави Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни