Пике обелодени кој успех му донел најголема радост во кариерата и сите ги изненади

pike-trenerka2

Жерард Пике во ексклузивното обраќање за „Плејерс Трибјун“ обелодени неколку интересни анегдоти од својата досегашна фудбалска кариера во која ги бранеше боите на Барселона и Манчестер Јунајтед, а покрај интерсните преписки со играчите на Реал и преплашувањето кое го добил од Рој Кин, за издвојување секако е и изјавата која ја дава за успехот кој има посебно место во неговата меморија.

Стоперот на Барселона самиот се прогласува како луд фан на каталонскиот гигант и со години наназад се проклаира како заштитник на каталонската политика која сака да се издвои од Шпанија, а иако за тоа често добива жестоки свирежи на настапите за шпанската фудбалска репрезентација, Пике сега открива дека најдраг трофеј во неговата досегашна кариера е оној од Светското фудбалско првенство во 2010 година како член на златната генерација на „фуријата“.

– Премногу сум горд поради тоа што го носам дрестт и грбот на Шпанија на секој мундијал. Можеби тоа ги изненадува некои луѓе, ако ги читате само луѓето од Мадрид, ќе мислите дека сум предавник, дека сакам да направам поделба во репрезентацијата. Навистина тешко ги прифаќам таквите работи бидејќи најсреќниот момент во мојот живот беше освојувањето на мундијалот како член на Шпанија. Од друга страна пак, каталонското е во мојата крв. Тука сум роден, ова е мојата земја, – објаснува Пике.

Facebook Коментари