Поврзете се со нас

Шпанија

Пике: Никој нема да се сеќава на последната титула на Реал во ЛШ

Објавено

на

Foto:instagram.com/3gerardpique

Жерард Пике се реши за фудбалска пензија, но останува интересен со своите проекти во спортот, но и изјавите поврзани со актуелните случувања и постигнатото во кариерата.

Во своето најново интервју, Пике зборувал на разни теми, а успеа да ги испровоцира фановите на Реал Мадрид со ставот околу титулите во Лигата на шампионите.

– Реал Мадрид во моментов е на своето постојано ниво. Не играат многу инспиративно, но доаѓаат до посакуваните резултати и во февруари ќе бидат во игра за трофејот во сите натпреварувања.

– Отсекогаш го мислам тоа дека начинот на кој Барселона стигнува до трофеите во Лигата на шампионите, кога ќе победиме, тоа се памети засекогаш. Кога победува Реал, тоа е само уште една титула за нив.

– Последната титула на Реал која беше чудо, бидејќи тие беа инфериорни во секоја рунда, нема да се памети долго, – вели Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни