Поврзете се со нас

Шпанија

Пике: Никој не може да се споредува со најдобриот тренер во историјата

Објавено

на

Жерард Пике беше дел од златната генерација на Барселона и најубавите моменти во клубот ги доживеа со Пеп Гвардиола, па токму поради тоа, легендарниот стопер нема дилеми дека актуелниот менаџер на Манчестер Сити е убедливо најдобар тренер во историјата на фудбалот.

Во разговорот со аргентински „ЕСПН“, поранешниот стопер на каталонскиот гигант говореше со суперлативи за Пеп, потенцирајќи дека со него не може да се споредува ниту Чави Ернандес, ниту било кој друг тренер во светот.

– Гвардиола е гениј, за мене тој е најдобриот тренер во историјата на фудбалот и тоа е нависитна голем комплимент. Да бидам искрен, мислам дека повеќе ќе се цени кога ќе одмине времето.

– Тој е спектакуларен, начинот на кој ги контролира случувањата на теренот е неверојатен. Знае да ги чита натпреварите, предвидува што може да се случи, бара различни решенија за секој противник, знае да мотивира и пред се е голем лидер.

– Пеп е фудбалски гениј, а имаше можнот да ја тренира најдобрата генерација на фудбалери во Шпанија. Невозможно е да го имитирате Гвардиола, тој ја промени играта, го промени стилот на игра на многу екипи во светот, – вели Пике кој во кариерата беше трениран и од Сер Алекс Фергусон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни