Шпанија
Пике никогаш нема да му прости на Фиго: Во лице ќе му кажам каква штета ни нанесе
Жерард Пике остави посебен белег во својата блескава кариера како играч на Барселона и остана омилен меѓу фановите поради своите препознатливи изјави со кои го провоцираше лутиот ривал Реал Мадрид, а како што вели самиот, ова големо ривалство кај него тлее уште од најмали години.
Пике е роден Каталонец и сите негови детски денови се поврзани со Барселона, но истовремено потенцира дека Луис Фиго е една од причините поради кои дополнително го замразел Реал Мадрид.
Легендарниот Португалец направи директен трансфер од Барселона во Реал Мадрид и беше прогласен за најголем предавник во Шпанија, а Пике вели дека никогаш нема да му прости на Фиго за штетата која им ја нанесе на фановите.
– Тоа што го направи Фиго беше многу тешко за прифаќање. Имав само 13 или 14 години, во тој период уште постраствено и поинтензивни го доживува тие ситуации. Тој беше идол на една генерација на Барселона, ја освои „Знатлата топка“ со нас и вети дека ќе остане. Една недела подоцна, се појави со дрес на Реал Мадрид, – вели Пике во ексклузивното гостување во „Ла Ревуелта“, шоу кое го води познатиот новинар Давид Бронкано.
– Јас не би имал проблем да го викнете тука и да бидеме во исто студио заедно. Во лице ќе му кажам за цела штета која ни ја нанесе со тој потег, не би имал никаков проблем со тоа. Тој никогаш нема да признае, но штетата што ни ја нанесе ќе се памети цел живот, – додава стоперот.
-
Англија17 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија19 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија10 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација13 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија10 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
АТП11 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Германија14 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)