Поврзете се со нас

Шпанија

Пике не смета дека Барселона е аутсајдер: На „Ел Класико“ двата тима влегуваат еднакви

Објавено

на

Еден од најискусните фудбалри на Барселона, Џерард Пике даде свој коментар за дерби пресметката со Реал Мадрид која ќе се одржи во недела.

Според многумина, Реал Мадрид е голем фаворит на оваа средба поради кризата која ја зафати Барселона на почетокот на сезоната, меѓутоа Пике не верува дека тоа е така.

Според стоперот на „каталонците“ во „Ел Класико“ натпреварот и двата тима влегуваат со еднакви можности за победа, без оглед на моменталната ситуација во клубовите.

– Во „Ел Класико“ двата тима се еднакви, нема изразит фаворит. Тоа е сосема различен натпревар од другите. Ние минувавме низ криза, но сега се опоравуваме од истата.

– И двата клуба на „Ел Класико“ влегуваме со прилично изедначенa динамика, -изјави Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни