Поврзете се со нас

Европски првенства

Пике не отстапува од своето: Италијанците пак имаа предност во пенал серијата

Објавено

на

Италијанците добиваат честитки за успехот на Европското првенство од сите страни, а еден од оние кои испрати порака до „аѕурите“ е и Жерард Пике.

Поранешниот шпански репрезентативец вели дека Италија го заслужила трофејот, но не отстапи од својата теорија за изведувањето пенали.

По елиминацијата на Шпанија од Италија во полуфиналето, Пике истакна дека репрезентацијата која прва изведува пенал има предност во серијата, а смета дека тоа се покажало како точно и вчера.

– Италија заслужено победи на ЕУРО 2020, честитки.

– Тие беа најдобра репрезентација на турнирот. Сепак, фактот што повторно шутираа први во пенал серијата, пак им овозможи предност.

– Имаат шанса да погрешат, исто како и против Шпанија, но да останат во игра, – твитна Пике, алудирајќи дека форматот на изведување пенали треба да се промени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни