Пике не остана рамнодушен: Стоперот на Барса му се поклони на турски Трабзон за оригиналната објава (Видео)

pike-ocila

Фудбалските великани ширум Европа на големо се подготвуваат за новата натпреварувачка сезона, но во овој период, дел од клубовите од стариот континент допрва ги претставуваат своите дресови за кампањата која ќе стартува од месец август.

Турскиот клуб Трабзонспор изработи еден навистина уникатен спот за промоцијата на новиот дрес, а темата во истиот е до толку оригинална, што рамнодушен не остана ниту Жерард Пике кој му испрати аплауз на Трабзон за сработеното, односно за емоцијата која ја предизвика кај сите искрени фудбалски фанови.

– Ако го сакаш фудбалот и си играл барем еднаш на улица, ќе ти потечат солзи од видеото, – гласи пораката од видеото кое го сподели Пике.

Facebook Коментари